Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) на 5 септември 2016 год. во Општина Охрид, во големата сала организира еднодневна работилница за управување со природни ресурси и прилагодување на животната средина кон влијанијата на климатските промени, на тема: “Механизми за справување со поплави во речни/езерски сливови“.
Имајќи ги во предвид скорешните случувања со поплавите во Скопскиот регион и се’ почестата закана од неповолни временски прилики како последица на климатските промени, сметаме дека е особено значајно фокусот при управувањето со речните сливови, меѓу другото, да биде ставен и на одржливото управување со ризици од поплави и способноста за прилагодување во услови на катастрофа.
Предавач на работилницата ќе биде Др. Стевен МЦНултѕ од Американски шумски служби, кој има долгогодишно искуство во оваа проблематика.
Работилницата се реализира со финансиска поддршка на: Агенцијата за животна средина на САД (УС ЕПА), преку проектот за градење на капацитети за соочување со предизвиците при одржливо управување со сливовите на реките Црн Дрим и Дрина и унапредување на флексибилноста и прилагодливите капацитети на заедниците и локалната економија (ЦРЕССИДА); УС Форест Сервицес, преку проектот за одржливо користење на природни ресурси во руралните општини на Република Македонија.
OhridNews













