Со зголемувањето на бројот на случаи на корона вирусот, здравствените работници ја истакнуваат важноста од барање лекарска помош доколку почувствувате некој од симптомите на вирусот – прво преку јавување во надлежните медицински установи, пред да одите во болница.

Кои се симптомите на COVID-19, болеста предизвикана од корона вирусот?

Одговорот не е едноставен, што ги оттежнува глобалните напори за контрола на вирусот. При толку многу дезинформации, не е чудо што луѓето се збунети. Она што го знаеме е дека корона вирусот е генетички различен од другите вируси, но симптомите се слични на обична настинка или грип.

Главните индикации за вирусот се сува кашлица, треска, болки во телото и чувство на омалаксаност… Но за многу луѓе, особено младите, здрави луѓе, симптомите може да бидат многу лесни. Многу е тешко, особено на почетокот, да се направи разлика меѓу корона вирусот и другите настинки и грипови кои се карактеристични за ова време од годината. Затоа тестирањето е важно за да може да одредиме кој го има вирусот, а кој не. –  изјави Д-р Бони Хенри од Јавната Здравствена Организација во Британска Колумбија на прес конференција неодамна.

На прашањето дали има барем еден карактеристичен симптом на COVID-19, Хенри изјави дека нема. Врз основа на податоците од првите заболени во Кина, повеќето имаат треска и сува кашлица- но не сите.

Може да започне исто како и многу други работи, вели Хенри. Кај повеќето луѓе, во првата недела симптомите може да се релативно лесни, иако многу луѓе се разболуваат многу за краток период, особено постарите лица или лицата со хронични и тешки заболувања. Во втората недела состојбата може да се промени.  Може да почнат да страдаат од краток здив, повеќе да кашлаат – вирусот предизвикува пневмонија. Знаеме дека пневмонијата е една од главните карактеристики, но може да се открие само со рентген или компјутерска томографија. – додава Хенри.

Доколку луѓето имаат проблеми со дишењето, краток здив, треба веднаш да побараат медицинска помош. Симптомите може да се појават дури после 14 дена од изложувањето на COVID-19. Исто како и грипот, болеста може да трае со недели.

Знаеме дека на луѓето кои се лесно до средно заболени од вирусот им се подобрува состојбата по две до три недели, додека кај потешко заболените потребни се околу две недели за да се дијагностицира болеста и околу три до шест недели за подобрување на состојбата, како и посебна болничка нега за време на тој период. Луѓето со полесни симптоми може да се изолираат дома, доколку нивните симптоми прогресираат до треска или кашлица, тогаш тие треба да контактираат со доктор преку телефон. – објаснува д-р Хенри.

Не сите кои имаат треска и кашлица имаат корона вирус, но треба да бидат тестирани.

Треба да бидете настрана од луѓе дури и ако сте само малку настинати, со цел да се превенира можно пренесување, предупредуваат стручњаците. Ова е глобална криза. Треба да бидеме внимателни да не шириме респираторни заболувања на другите луѓе, укажува д-р Хенри.

Се справуваме со оваа ситуација како глобална заедница. Сите треба да сме попретпазливи од вообичаеното за овој период од годината. Изолирајте се, дадете му на вашето тело време за да се опорави, дајте си себеси време доколку ви се развијат симптоми на кашлица и краток здив. Доколку знаете дека сте биле во контакт со некој заболен или сте патувале на места каде што вирусот е присутен, контактирајте ги надлежните здравствени установи за да се осигурате за сопствената, како и безбедноста на луѓето околу вас. – истакна д-р Бони Хенри.

Најефикасниот начин за превенција од проширување на вирусот и останување во добра здравствена состојба е често и темелно миење на рацете. Не го допирајте вашето лице со раце, кивајте во вашиот ракав, а не во рака и одржувајте дистанца од најмалку еден метар помеѓу вас и некој кој кашла или кива.

Со цел да се превенира болеста, Министерството за здравство објави кратка видео анимација со основните податоци за вирусот Ковид 19 и како да се заштитиме.

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите?

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите? Споделете го видеото од Светската здравствена организација.

Geplaatst door Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë op Woensdag 11 maart 2020

OhridNews