Во рамки на ИМЕ програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, а во организација на ЕСА Охрид, на 23 и 24 јануари во Охрид ќе се одржи работилница “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона“. Настанот ќе се одржи во хотелот Милениум во Охрид, а презентер ќе биде Албион Идризи со работно искуство во Германија и Косово, консултант за локални и меѓународни организации во туризмот.
Темите на оваа работилница имаат за цел да овозможат подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали и да ја зголемат продажбата сместувачките капацитет преку целата година.
„Зголемување на пазарната вработливост“ (ИМЕ) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Swisscontact, која од 2015 година работи на зајакнување на
секторот туризам и угостителство во Македонија. Тоа се прави преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од активностите ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети.
OhridNews












