На средината од месец ноември, охриѓани активно се подготвуваат да ја дочекаат зимата и периодот на ниски температури кои не очекуваат во периодот кој претстои. Но останува дилемата кој е најекономичниот начин да се загреат домовите и индивидуалните куќи.

Во време на беспарица, едни се одлучуваат за греење на дрво, додека други за „почистата“ варијанта на греење со струја, односно за економски исплатливите клима-уреди со минимална потрошувачка на електрична енергија.

Во моментов, најисплатлива варијанта за греење на струја е таа со клима-уреди. Имаат најниска потрошувачка на електрична енергија, а даваат најголема снага и целосно ги затоплуваат домовите во зимските и ладни ноќи.  Цените се прифатливи, уредите се со гаранција и добар квалитет, еднаш се инвестира, а се користат со години.“ – вели Ратко Рувинов од РИТ Електроникa.

Потрошувачката на електрична енергија со клима-уредите е околу три пати помала од веќе застарените термо-печки и електрични панели. Како што појаснува Рувинов, граѓаните можат да се одлучат за класичните „фикс-пит“ клима-уреди или пак за инвертори, кои ги затоплуваат домовите во услови на ниска надворешна температура од минус 20 целзиусови степени.

Цените се поволни и достапни за сите. Класичните клима-уреди чинат од 14 000 денари па нагоре, додека инверторите од 25 000 денари. Застапници сме на марката „Вивакс“, кои се веќе докажани на пазарот со години. Граѓаните добиваат квалитет, три годишна гаранција и редовен годишен сервис. Моделите се различни, а заинтересираноста е голема. Покрај големиот асортиман на клима-уреди од овој бренд, тука е и веќе докажаниот „Панасоник“ – појаснува Рувинов.

Зависно од условите, местоположбата и типот на клима-уредот, процесот на монтажа во просек изнесува од два до три часа.

Инаку, сите заинтересирани граѓани можат да се обратат во просториите на РИТ Електроника на булеварот „Туристичка“ број 44а, секој работен ден од 09-17 и 18-21 часот, односно во сабота од 09-15 часот.

OhridNews