Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Андрес Иниеста синоќа ги одигра последниот вкупно 674-от натпревар во дресот на Барселона на Ноу Камп. Каталонците го совладаа Реал Сосиедад со голот на Филипе Кутињо, но 90 000 луѓе го скандираа името на Дон Андрес кој 22 години гордо и успешно го носеше дресот на Барселона.

– 22-те години поминати во Барселона за мене се најдоброто нешто во животот. Ми беше чест да го носат дрес на најголемиот клуб. Сакам од се срце да му се заблагодарам на моите соиграчи и навивачите кои секогаш беа до мене и за мене. Моето срце секогаш ќе чука за Барселона. – беа последните зборови на Иниеста како фудбалер на Барселона.

Но, Иниеста така се збогува со навивачите и фудбалери, а со клубот и Ноу Камп на посебен начин. Час и половина после завршување на целата церомонија Иниеста бос со сопствениот дрес сам седеше на центарот и многу веројатно со телефон во раката евоцираше спомени од блескавата кариера.

Иниеста, сигурно ќе замине од Европа, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија или Кина, а во последно се споменува и преселба во САД.

OhridNews