Сончањето е опасно за нашата кожа, многу повеќе отколку што било пред четириесеттина години, па не не чуди податокот дека се повеќе луѓе имаат проблеми со кожата, а расте и бројот на малигни болести кои се последица на невнимателното изложување на сонцето.

За почеток, кожата треба да ја припремите за сончање со чистење и пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки, ќе ја зголеми циркулацијата и ќе ја поттикне регенерацијата на кожата. После пилингот кожата се мачка со креми кои мораат да содржат витамини А, Ц и Е и коензим Q10, што добро ќе ја хидратизира и ќе ја зголеми еластичноста.

Кремата за сончање мора задолжително секогаш да биде при рака во летните денови и да се нанесува на изложената кожа секој пат кога излегуваме на сонце, поточно, на секои два часа ако сме на плажа. Се разбира, нека биде со што поголем фактор.

Сонцето треба да се избегнува колку што е можно повеќе во периодот помеѓу 11 и 16 часот, бидејќи некои штетни влијанија на сонцето во тој дел од денот се толку силни што ни кремите не можат да ве заштитат.

По сончањето, кожата треба да продолжи да се негува – најпрво со туширање, а потоа со хидратантна крема со витамини за да ја нахраните и хидрирате.

Се разбира, се препорачува и консумирање на доволна количина на течности, најдобро вода и тоа барем два литри дневно, а со тоа повремено и одлични зелени сокови кои можете сами да ги направите.

 

извор:metro-portal.hr