Останува уште само еден месец за да го искористите ова лето до максимум. Па така доколку сѐ уште не сте биле, август е вистинското време да се упатите кон нашите најпопуларни летни дестинации, Охрид и Струга. Со друштвото или сами важно е да уживате во сѐ она што има да го понуди оваа сезона.
Токму затоа за вас направивме едно љубопитно истражување и успеавме да собереме мислења за најпопуларните места што ги нудат овие дестинации до крај на летото.
Секоја сабота од 12 часот на Golden Beach
Секоја сезона Golden важи за една од најпопуларните локации, а популарноста поттекнува токму од летните денови исполнети со изненадувања за сите посетители. Оваа година, на Golden Beach веднаш ќе ја забележите IQOS pop-up зоната кој нуди удобен простор за одмор.
Викенд програмата која започнува секоја сабота во 12 часот нуди sunset настани со музика и други активности што ја прават посетата различна секој пат.
А барем една вечер на кино под ѕвезди пред SU Hotel
За желбите на сите од друштвото да бидат исполнети, еден супер друштвен предлог е уживањето на кино под отвореното небо пред SU Hotel секој вторник од 21 часот. Како домаќин на овие настани, IQOS создаде филмско катче за гледање македонски и странски филмови во соработка со Кинотека на Северна Македонија. Најважно е што ќе можете да уживате во филмот на најудобните IQOS лежалки и поглед на езеро.
Сите заедно на незаборавна забава во единствениот – The HarbouR Club
The HarbouR Club во Охрид е едно од местата каде што забавата е загарантирана. Тука IQOS е дел од вечерните забави, каде музиката и добрата енергија траат до раните утрински часови. Тука денот завршува, но летото продолжува.
За крај, уживање на Versus Beach во Струга
Како Струга нема друга и тоа е факт. Резервирајте ја недела за ден кога ќе сакате да сте на вистинското релаксирачко место кое нуди сѐ – Versus Beach. Токму тука, во недела од 12 часот можеш да уживаш во загарантираната забава поддржана од IQOS со нивната специјална pop-up зона што е отворена за целодневна забава и дружба. Сите IQOS корисници ќе можат да уживаат во изненадувања, бесплатни SUP board возења и sunset настани со музика. Ова е можност за еден поинаков викенд во Струга.
Останете љубопитни затоа што до крајот на сезоната, IQOS е присутен во Охрид и Струга со активности што ја прават сезоната поинаква. Следете го @iqos_mk и откријте како да го поминете летото до последниот ден.
Промо.текст: mk.iqos.com