Вечерва од 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана претставата „Како ми го уништија детството“, во организација на Црвениот крст од Охрид и студиото за танц „Соната“.
Овој мултимедијален проект, преку музика, танц и филм и поезија ќе раскажува за последиците од војната врз еден млад живот. Во претставата се вклучени и вистински снимки од воени злосторства со светлосни ефекти, па затоа не се препорачува за чувствителни и лица кои страдаат од епилепсија.
Цената на влезниците е симболична и изнесува 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на 6 годишно девојче кое боледува од леукемија.
OhridNews