Откако на својата неодамнешна турнеја ја “покорила“ Јапонија и стекнала милиони нови обожаватели, австралиската убавица Миранда Кер се вратила на својот секојдневен живот и на улиците на Њујорк веднаш покажала уште една фантастична комбинација.

Убавата бринета важи за една од најголемите стритстајл ѕвезди, а драгоцената титула повторно ја оправдала во рок издание во знакот на кожата и вечните пруги. На снимањето на својата нова реклама, Миранда пристигнала во тесни црни панталони и класична маица со црно-бели пруги од соработката со VELVET x Lily Aldridge. Кожните елементи на овој стајлинг биле Сент Лорент јакна со детали од ресички и каиш и салонки со платформа, исто така со потпис од Хеди Слимани. Како вистинска ѕвезда, познатата манекенка го заштитила погледот со гламурозен пар очила за сонце од Селин.

 

извор:fashion.hr