Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо уште еднаш се најде на удар од медиумите откако екс фудбалерот на Челси, Кевин де Брујен откри неколку пикантерии околу неговиот трансфер во Волфзбург.

Приказната белгискиот репрезентативец ја започна со тоа дека тој бил пред трансфер во Борусија Дортмунд, но лично Мурињо го стопирал а подоцна и спречил преселувањето на Де Брујен на Сигнал Идуна Парк.

Со ваквиот епилог од евентуалниот трансфер на Белгијецот, Мурињо му се осветил на Јирген Клоп за неуспешните преговори за Роберт Левандовски пред почеток на сезоната.

Тогаш стратегот на „милионерите“ на Мурињо му соопштил дека прекасно се уклучува во трката за Левандовски оти тој го одбрал Баерн Минхен.

Целото внимание полскиот репрезентативец го сврти по четири погодоци кои ги постигна на полуфиналниот дуел меѓу неговата Борусија Дортмунд и тимот на Реал Мадрид предводен од „специјалниот“.

Мх.П.