Името на Пол Погба на големо се поврзува со рекордниот трансфе кој треба да се реализира на релација Јувентус – Манчестер Јунајтед.
Францускиот репрезентативец кој е застапуван од својот менаџер Мино Раиола епилогот за својата иднина го исчекува со играње кошарка со своите пријатели.
Комплетниот трансфер на Погба на Олд Трафорд ќе изнесува 185 милиони евра, а од нив 120 се наменети за клубот од Торино.
Петгодишниот договор со „црвените ѓаволи“ на Погба ќе му донесе 12 милиони евра по сезона односно 60 милиони евра, а другите 5 милиони евра се разно разни бонуси.
OhridNews