Шминката на лицето не може да ви изгледа подеднакво добро во секое време од денот. Меѓутоа, еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа својот изглед што подолго да го одржите свеж.

1. Добра течност за чистење лице
Пред да ја нанесете шминката, водете сметка добро да го исчистите лицето. Користете течност за чистење зависно од тоа каков тип на кожа имате.

2. Хидрирајте ја кожата
Откако добро ќе ја исчистите кожата, нанесете хидратантна крема. Доколку кожата е мрсна, нанесете крема која ќе ви овозможи мат ефект.

3. Благ коректор
Доколку сакате шминката да ви трае целиот ден, треба да инвестирате во квалитетен благ коректор. Него нанесувајте го на целото лице, посебно на оние делови на кои сакате нешто да сокриете, било да е тоа црвенило или акни.

4. Водоотпорна маскара
Единствен начин маскарата да ви трае долго е да купите водоотпорна. Само не заборавајте да ја извадите пред спиење.

5. Пудра
Течната пудра не е најдобар избор доколку сакате шминката да ви трае цел ден. Подобар избор е камената пудра.

6. Долготраен кармин
Купете долготраен кармин, но имаjте на ум дека од него усните побрзо ќе ви се сушат и затоа треба да ги хидратизира.