Чуварот на мрежата на Квинс Парк Ренџерс, Роберт Грин со помош на соиграчот Едуардо Варгас успеа да му го одбрани пеналот на Алексис Санчез.
Варгас, кој заедно со Санчез настапува за Чиле го прочита ударот на фудбалерот од Арсенал и му сугерираше на својот колега на голот.
Мисијата беше успешна Грин ја одбра вистинска страна и успеа да го скроти ударот од белата точка на Санчез.
Подоцна најдобриот фудбалер на Арсенал сезонава ја затресе мрежата и најави победа за „топчиите“ 2-1 над „полицијаците“.
Мх.П.