Не секогаш треба да постигнеш врвен резултат за да бидеш топ тема во светските медиуми. Баш тоа на своја кожа го осети атлетичарката Вероника Кембел-Браун која трката на 200 метри ја истрча во патеката од својота ривалка.
Атлетичарката од Јамајка стартуваше во петтата линија, а трката ја заврши во шестата очекувано пред Британката, Маргарет Адеоје.
Да биде трагикомедијата комплетна се погрижија дисциплинците кои не ја суспендираа Кембел-Браун која пак победи во полуфиналната серија.
Ohridnews