Советот на општина Охрид, денеска ќе ја одржи 5-та седница.

На дневен ред на седницата се предлог одлуките за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид, Годишната програма за поставување на урбана опрема, предлог Изјавата за исполнување на услови по Договор за заем по проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, предлог одлуката за пренесување на правото на сопственост на новопроизведен нископоден двокатен автобус од отворен тип од општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“, како и точките за разрешување и назначување на членови во управните и надзорни одбори во јавните претпријатија и училиштата.

OhridNews