На анкетното прашање „Каков туризам треба да развива Охрид?“ од понудените три одговори, нашите читатели одбрале: „елитен“ во 48 насто, за „масовен“ се само 11%, а за „комбинација“ од двата типа туризам 42 % .
Мораме да признаеме кога во ohridnews го креиравме анкетното прашање, не бевме точно сигурни што подразбираме под „комбинација“ од елитен и масовен туризам. Но, овој одговор доби значителен процент, што би можело да се протолкува како желба на охриѓани туризмот да се развива во секоја насока, вертикално и хоризонтално, да расте понудата во секој сегмент и нормално да расте бројот на туристи. Со тоа градот би добил финансиски прилив и би се креирале нови работни места.
Диал Аголи, туристички работник и сопственик на ТА „Деа турс“ е голем „заговорник“ за елитен туризам:
„За Охрид најдобро е да има квалитетни гости со длабок џеб, кои би престојувале по 2-3 дена, во било кој период од годината, во скапи хотели, скапи аранжмани. За масовност не може да стане збор, едноставно затоа што немаме толкави капацитети, нашиот град е само 30-тина квадратни километри. Е сега, под „комбинација“ подразбирам секаква алтернативна понуда во туризмот што би влијаела пред се врз квалитетот на понудата. Етно туризам, еко туризам, спортски, ловен, здравствен туризам, тоа се области во кои нашиот град односно кадрите кои работат во туризмот имаат што да кажат“ – смета Аголи.
Поинакво видување на состојбата во туризмот има еден друг туристички работник, Људмил Цветаноски од „Македон турс“
„Охрид нема објекти кои би ја „носеле“ таа елитна понуда. За елитен туризам треба минимум 5 ѕвезди и плус. Колку хелиодроми има? Колку ексклузивни јахти? Нема Охрид кадри во туризмот кои би организирале и би креирале таква понуда. Во нашиот град нема фирми од светски калибар, јаки брендови (Гучи, Версаче, Булгари и сл.) каде богаташи би трошеле пари. Мислам дека наша целна група во моментов треба да е западната средна или во најдобар случај висока средна класа. Од мое искуство, елитен гостин троши околу 500 евра на ден, а туристите кои доаѓаат „преку“ нас трошат околу 70-80 евра дневно во најдобар случај“ – вели Цветаноски.
Ако се извлече заклучок од овие мислења, одговорот „комбинација“ во туризмот, не е нелогичен избор.
Охридската полиција и викендов има полни раце работа Во полицискиот билтен СВР Охрид информира за незаконско поседување дрога, присуство на малолетници во угостителски објект по по полноќ и возачи ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми Максималната температура во...
По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост Премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.