Прославениот германски тенисер, Борис Бекер нема долго да биде без тренерски ангажман, откако спогобедно ја прекина тригодишната соработка со Новак Ѓоковиќ.
Бекер, според пишувањата на швајцарските медиуми може да стане прв човек во стручниот штаб од најтрофејниот тенисер во светот, Рожер Федерер.
– Ѓоковиќ ќе биде најголемиот ривал на Федерер за титулите на Грен слем турнирите следната сезона. Ќе биде неверојатна соработка меѓу најмладиот победник на Вимболдон и Федерер кој ако успее да победи ќе биде најстариот тенисер кој успеал во тоа. – пишуваат швајцарските медиуми.
Сепак, Бекер не е единствен конкурент за тренерската функција во стручниот штаб во тимот на Федерер. Во потесниот избор се наоѓа и Швеѓанецот, Мет Виландер.
Инаку, Ѓоковиќ со Германецот во стручниот штаб освои шест титули од Грен слем турнирите вклучувајќи го и Ролан Гарос кој недостасуваше во колекцијата од српскиот тенисер.
OhridNews