Градот Охрид и Охридското езеро ќе бидат домаќини на четвртата трка од Ултра гран при серијата во далечинско пливање под капата на ФИНА. Конкуренцијата кај машките и женските е голема и се очекува борба до крајот односно на финишот кој е на градското пристаниште. Дел од учесниците на 33-то издание на маратонот во Охрид говореа за очекувањата, предизвиците и минатите искуство од средбите со водите во Охридското езеро.

Евгениј Поп Ацев (Македонија) – Ова е учество е мое десетто или единаесетто на маратонот во Охрид и можам да кажам дека на памет и со мижење можам да ја поминам патеката. Секое ново одржување на маратонот е нова приказна и ништо не може да се предвиди од сега. Очекувам голема борба и неизвесна завршница. Трката во Охрид секогаш е неизвесна и интересна за гледачите, но за нас е многу стресна. 

Марија Лоренс Лортие (Канада) – Прв пат ќе учествувам во Охрид и многу сум љубопитна околу водата и условите кои ќе ги понуди езерото. Ми се чини дека водата за нијанса е поладна во однос на Канада каде што тренираме и се натпреваруваме, но се разбира дека тоа мене нема да ми претставува никаков проблем. Иако сме само осум девојки конкуренцијата е голема и очекувам добра трка.

Аксел Рејмонд (Франција) – Шест години поминаа од мојата победа во Охрид. Се уште се сеќавам на трката и условите и се надевам дека овој пат ќе не послужи времето и ќе биде на нашата страна. Конкуренцијата е голема и силна и тоа уште повеќе ме мотивира и ми дава сила утре да дадам се од себе. 

Александар Илиевски (Македонија) – Јас ќе ги потврдам само најавите на останатите пливачи и ќе кажам дека ваква конкуренција во Охрид немало до сега. Охрид и гледачи нам ни се предност и мотив секако и се надевам дека еден од нас ќе избор најдобар резултат и ќе ја израдува публиката.

Леонид Мешковски (Македонија) – Јас сум прваче односно почетник на Охридскиот пливачки маратон. Моето учество кое се надевам дека ќе биде успешно му го посветувам на мојот тренер во тенис Александар Славковски, кој почина од тешка болест. Пливањето и тенисот се различни, но спортски вредности кои тој ги всади во мене се големи и затоа во Охрид се ќе му посветам него.

Во генералниот пласман во машка конкуренција водечки е Италијанецот и минатогодишниот победник во Охрид Едуардо Сточино. Со два бодови помалку на втората позиција е македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, а трет е Дамјан Блаум од Аргентина. Кај дамите првопласирана е Пилар Гиејо од Аргентина.

OhridNews

 

Утре се одржува 33-от Охридски пливачки маратон!