Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд во јужните планински подрачја. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува. Maксималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони.

Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 – 10, а максималната од 15 до 22 степени.

Во понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо време, информира УХМР Македонија.

OhridNews