На вчера одржаната прес конференција на портпаролот на ОИШ ВМРО ДПМНЕ – Охрид, на која стана збор, за како што беше кажано сомнителна купородажба на станови во која била инволвирана општината, со реакција денеска се огласи лицето Игор Калајџиевски. Тој тврди дека неосновано бил спомнат, односно се алудирало на негова вмешаност во наводниот случај на вчерашната прес конференцијата и дека нема никаква врска ниту со случајот ниту со општината.

„Јас Игор Калајџиоски не сум шеф на кабинет на градоначалникогт на Охрид и ниту јас како лице ниту мојата фирма не сме во никакви деловни односи со општина Охрид, а сите добронамерни дешегрижници може да се обратат до кататстарот како јавна институција, каде податоците се јавни и вистинити и да проверат каква е мојата имотна состојба. Доколку поседувам некаква недвижност, јас или мојата фамилија ќе ја подарам“, се вели во реакцијата на Калајџиевски.

Ohridnews