Шестиот пораз во низа ги смести охриѓани при дното на табелата. Ќе се игра по жица до крајот на шампионатот. Преставата на мечот со Напредок треба да биде последна опомена, ако возот веќе одамна не е заминат.
 

Бубоња (1,5) Одамна ја загуби сигурноста на голот, дополнителен проблем е лошата комуникација со последниот одбранбен ред по кој и гостите постигнаа погодок

Томевски (1,5) Уште еден неимпресивен меч за македонскиот австралијанец.

Вељаноски (1.5) Никако да му го пронајдат вистинското место, дефинитивно левата бочна позиција не е за него (Заменет во 26 минута поради повреда со Меди)

Меди (1,5) Дефанзивата не е негова најјака страна. Премногу повлечен не е опасен по противничкиот гол

Иловски – Бошковски (1,5). Младите дефанзивци се огромен потенцијал но во моментов се далеку од прволигашки дефанзивен бедем.

Џалески 1,5 – По низата добри мечеви, лош половина час за охридскиот капитен.Речи си и да не се спои со топката, заменет во 28 минута поради повреда со Дејкоски.

Дејкоски 1,5 – Едно од пријатните изненадувања пролетва. Повторно доби шанса од клупата, ги размрда противничките редови и сигурно заслужува повеќе шанса. Завршницата му беше очајна, огромно промашување кое можеше да го направи финишот на мечот поинтересен.

Брадоњиќ 1,5 . Излегувањето од игра на Џалески, му даде шанса да ја носи капитенската лента. Единствено нешто по што ќе го запамети овој меч.

Јовановиќ 2. Потребно е да превземе повеќе ризик во играта. Од него се очекуваат повеќе прецизни додавања. Стрелец на почесниот гол во судиското надополнување.

Салиу 1,5 Прв старт и за него.Малку креираше во фазата на напад без употребливи топки во самата завршница. Заменет во 60 минта за Далчески.

Далчески 1,5 Навистина неверојанто што се случи со овој млад фудбалер во вториот дел од сезоната. Незаменлив и еден од носителите во играта во првиот дел, но во вториот прво играше надвор од позиција, а во последните неколку меча го загуби и местото меѓу стартерите.

Ѓуровиќ 1,5 Ништо од силните најави за екстра засилувањето во шпицот на нападот. Одлично започна, но се вклопи во охридското сивило.

Каланоски 2 Единствениот фудбалер на теренот кај кого се виде желба за надигрување и победа. Продорот по кој беше соборен во казнетиот простор од Најдески , Бартон не го карактеризираше како најстора казна.

Цветкоски 2.5. Ако не друго барем не се откажа. Тешко е во ваква ситауција да се биде тренер, и да се мотивираат фудбалерите. Има уште седум меча надеж за спас.

М.П.