Пролетта на Северната земјина полутопка почнува денеска во 18:32 часот и ќе трае до 21 јуни во 13:28 часот. Пролетното годишно време оваа година ќе трае точно 92 дена, 17 часа и 56 минути.

Според прогнозите на меторолозите, првиот ден од пролетта во Македонија времето ќе биде сончево со вистински пролетни температури до 18 степени Целзиусови.

Иако денешниот ден е познат како пролетна рамноденица, ноќта и денот не се подеднакво долги бидејќи Земјата поседува атмосфера која го издигнува Сонцето над хоризонтот.

Инаку, за жителите на Јужната земјина хемисфера денеска завршува летото и почнува есента.