„Црно и бело“ е насловот на песната што ќе ја изведе македонскиот претставник на Евросонг 2012, Калиопи Букле.

Песната премиерно беше изведена вечерва во специјално шоу посветено на Евросонгот што се емитуваше на Македонската радио телевизија. Прв впечаток е дека песната звучи моќно, има современ аранжман и одлично и лежи на Калиопи. Пред одбрана публика во студиото на МРТВ Калиопи ја отпеа евровизиската песна на македонски и англиски јазик, посочувајќи дека во Баку ќе пее на мајчин јазик.

За „Црно и бело“ ќе биде снимен видео спот, а предвидени се и повеќе промотивни настапи.

OhridNews