Охриѓанецот Ристе Маркоски професионалната кариера ќе ја продолжи во битолски Пелистер. Искусниот фудбалер се враќа во Пелистер, откако шест месеци мина во прилепска Победа.

Маркоски најголемите успеси во кариерата ги направи токму во „зелено белиот“ дрес кога со екипата успеа да стигне до титулата во Купот на Македонија.

Пелистер почна клупска реорганизација, а Маркоски и неговото искуство треба да бидат еден од темелите на новиот проект. Битолчани посакуваат враќање во елитата, но следните шест месеци ќе имаат задача да се стабилизираат и да почнат да пловат во мирни води.

Првата полусезона во Втората МФЛ-запад, Пелистер ја заврши на седмата позиција со 18 бодови. Втората етапа во второлигашкото друштво започнува на 9 март.

OhridNews