Руската тенисерка Марија Шарапова имаше победнички кам бек во тенисот, совладувајќи ја Роберта Винчи во два сетови (7-5, 6-3) во првата рунда на ВТА турнирот во Штутгарт.
Колешките од Шарапова негодуваа за нејзиното враќање на ВТА турнирот во Штутгарт, бидејќи организираторот направи остапка закажувајќи го нејзиниот дуел од првата рунда во среда место во вторник до кога и беше забрането да се натпреварува.
Шарапова не го криеше задоволството после триумфот во првата рунда и изјави дека нејзината голгота завршила и сега може целосно да ужива во тенисот и својот живот.
Русинката во втората рунда на турнирот ќе се сретне со својата сонародничка Екатерина Макарова.
OhridNews