Лидерот на табелата во Ла лига, Реал Мадрид прокнижи нови три бодови на своето конто победувајќи го рутински со 2-0 тимот на Еспањол на домашен терен.


Половина час им беше потребен на „кралевите“ да го пробијата бедемот на гостите на Сантијаго Бернабеу. Стрелец на голот за водство беше Алваро Мората. Навивачите на Реал Мадрид педесет минути чекаа втор погодок, а во 83-та минута го постигна Герет Бејл кој се врати на терените по подолга пауза.


Избраниците на Зинедин Зидан се одлепија четири бодови на табелата од Барселона која меч повеќе.

Резултати: Спортинг Хихон – Атлетико Мадрид 1-4, Реал Мадрид – Еспањол 2-0, Депортиво ла Коруња – Алавес, Севиља – Еибар.

OhridNews