Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа убедлива победа во првиот меч во 1/8 финалето во Копа дел Реј совладувајќи го тимот на Леида со 4-0 на гостински терен.

Еден од четирите погодоци за „јорганџиите“ постигна Диего Коста кој имаше второто деби во тимот од Мадрид. Шпанецот погоди за 3-0, а претходно мрежата на противникот ја затресоа Диего Годин и Фернандо Торес. Конечните 4-0 ги постави Ентони Гризман.

Реванш натпреварот на „Ванда Метрополитано“ за нецела недела ќе биде чиста формалност, бидејќи сите дилеми Атлетико Мадрид ги реши после 90 минути игра.

OhridNews