КАМ ДООЕЛ од оваа среда 11-ти септември, ја зголемува својата понуда преку отворање на новиот, трет по ред маркет „КАМ Мини“ со седиште во Охрид.

Истиот ќе биде сместен во комплексот згради кај стара автобуска станица.

Преку отворање на овој маркет ќе се покријат потребите на потрошувачите од централниот дел на градот, а ќе преставува и вистинско збогатување на понудата на КАМ во Охрид, покрај веќе постоечките маркети – КАМ 1 на Булевар „Туристичка“ и КАМ 2 во состав на поранешната фабрика на „Отекс“, информираат од компанијата.

Наскоро КАМ во Охрид најавува отворање и на трговски центар на 10.000 метри квадратни, кој ќе нуди голем број содржини.

OhridNews