Со поставување на камен темелник кај кичевското село Извор, денеска, официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево-Охрид. 

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри.

Според најавите, автопатот од Охрид до Кичево треба да биде готов за 45 месеци. 

OhridNews