Надлежните по трет пат ја пребојадисаа малата охридска куќа во центарот на Охрид на која беа испишани стотици графити, меѓу кои и погрдни пораки. Овој пат на куќичката се поставени и знаци на предупредување, а дополнително инсталирана е видео опрема која треба да ги лови слободните уметници. Останува да видиме дали мерките ќе вродат со плод.


Беше нагрдена…


…па исчистена


….и пребојадисана


Ќе ги одврати ли предупредувањето слободните уметници


OhridNews
фото: Васко Бујароски