Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва ќе одржи целовечерен концерт во рамките на репертоарот на класична музика на 64. „Охридско лето“. Диригентската палка му е доверена на Иван Еминовиќ, а солисти на вечерта ќе бидат виолинистот Симеон Гошев и виолончелистот Енис Аји. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар покрај делата од светската класика свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори. Веќе 38 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.
Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.
OhridNews










