Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.

Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ.
Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.
Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.
OhridNews












