Тим специјалци се погрижил снимањето на жешките сцени во новиот филм на Ридли Скот „Советник“ помеѓу актерите Камерон Диаз и Хавиер Бардем да биде заштитено од љубопитните минувачи, пренеле медиумите. Снимањето се одвивало на голф теренот во паркот Стоук, а обезбедување со кучиња било распоредено ширум игралиштето. Додека филмскиот љубовен пар ја снимал сцената, специјалци имало и на дрвата.

Камерон Диаз и понатаму ја очекува снимање на интересни сцени. Ликот кој го толкува има гепард како домашен миленик, па во еден момент, за потребите на филмот, ќе се најде во кревет со големата мачка. Во новото остварување на Ридли Скот, покрај споментатите актери ќе се најдат и Пенелопе Круз, Бред Пит и Мајкл Фесбендер.