Иако на филмските платна се повеќе се појавуваат млади актерки, кои полека ка пензионираат старата гарда, квалитетот не познава години. Тоа го потврдила и Камерон Диаз која е прогласена за најплатена актерка постара од 40 години.

Првиот поголем хонорар го заработила за филмот „Лоша учителка“, за која инкасирала 42 милиони долари, наместо планираните 15, дека снимањето на целиот филм чинело 20 милиони долари. На второто место се нашла актерката Сандра Булок, која за својот последен филм „Жештина“ добила десет милиони долари. На третото место се нашла Мерил Стрип која за својот последен филм била платена шест милиони долари.