Товарно возило на подизведувач на автопатот во изградба Охрид – Кичево, утрово удрил со приколката во надвозник кај селото Песочан. Најверојатно приколката на возилото не била спуштена, но дали тоа се случило поради некаков дефект или возачот ја заборавил, ќе треба да се утврди.

Во незгодата предизвикана е поголема материјална штета.

 

OhridNews