Охриѓанецот Димитар Камнароски продолжува со подобрување на личните и клупски резултати. На натпреварот во Хорст, на трката на 200 метри мешано го поправи својот рекорд за 10 секунди 3.18.27 и постави нов рекорд на базенот за деца од 9 до 10 години.


Екипно го освоија првото место на 4Х50 машки, додека на 50 метри прсно Димитар го подобри својот резултат за 15 стотинки 45.65.
 


Во Ситард, на “спидо“ турнирите на кој се натпреваруваат најдобрите 18 пливачи од шест клуба, Камнароски се закити со едно прво и две втори места. На 100м машки победи со време 1.17.92,  на 50м градно исплива 45.30, додека на 100м мешано времето 1.29.51 беше доволно за второ место.

М.П.