Охриѓанецот Димитар Камнаровски денес ќе го има првиот настап во овогодинешната сезона. Тој ќе плива на клубското натпреварување во популарниот “спидо“ на кој учество ќе земат најдобрите шест клуб во Холандија. 


Секоја поголема лига си носи поголеми противници, но тоа не ме секира ако си во топ 10 пливачи во Холандија тогаш мора со сите да се натпреваруваш – вели малиот Димитар.


Димитар (9) доби покана за настап на отвореното првенство во Италија во декември, а холандскиот клуб во кој настапува Камнаровски во средината на март ќе дојде во Скопје на покана на Делфин клубот.

М.П