Во услови во кои се наоѓаат охридскиот и македонскиот спорт 2010 година не беше лоша, смета Томе Камнаровски, професионален ватерполо тренер кој работи во Холандија. Според него образот го обелиле кошаркарите и ракометарите но и ватерполото.

Најпозитивниот настан беше кога Пандев на финалето во Лигата на шампионите го развеа македонското знаме, додека од низата негативни моменти би го истакнал Илчо Наумовски со своите инциденти низ Австрија, со кои ние македонците се стекнуваме со негативен публицитет – вели Камнаровски.

Кој спортски настан според вас ја одбележа годината што изминува?

Според мене тоа беа ватерполистите како и охридскиот маратон  кој со многу маки се одржа и оваа година.

Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија?

Жални. Ако во некои градови низ Македонија спортот оди полека, во Охрид тоа не е случај. Според мене тоа е така поради тоа што спортот во Охрид е “паднат“ во погрешни раце кај група на  луѓе кои се повеќе заинтересирани за градење на згради отколку за вложување во инфрастурктурата и издигнување  на спортот кој во длабока криза.

Дали мисилите дека го следиме чекорот со светските збиднувања?

ДА, и секоја чест на Ohridnews, кој информира за сите настани секојдневно и навреме  и е единствениот електронски весник кој политиката на ја меша со спортот.

Изминатата 2010 година беше доста плодна за Димитар Камнаровски, што очекувате во наредната 2011 година? 

Димитар на свои 10 години имаше преку 45 натпреварувања, од што  26 ги круниса со златни одличја, 12 сребра и 6 бронзи како и два пехари. Очекувам наредната година да ги подобри овие постигнувања, а во годините што доаѓаат да го исполни сонот, настап на Олимписките Игри.

М.П.