Охриѓанецот Димитар Камнаровски со една рака медали се врати од настапот во Бон, Германија на отвореното првенство на кое учество зедоа околи 600 пливачи од Германија, Холандија и Луксембург .


Димитар пливаше во шест финалиња, освои една златна и четири сребрени медали. Тој го предводеше својот клуб кој настапи со 18 пливачи.


Еве ги постигнатите резултати:

– 200м прсно 3.47.36 4 место
– 50м прсно 46.31 златна
– 100м грбно 1.25.58  сребро
– 200м грбно 3.06.88 сребро 
– 100м прсно 1.41.35 сребро
– 50м грбно 39.54 сребро

М.П.