На меморијалниот пливачки турнир “Антеунис“ во Гент, Белгија охриѓанецот Димитар Камнаровски освои златен медал во својата категорија.

На меморијалот имаше пливачи од Белгија, Франција, Холандија, Германија и Луксембург, а Камнаровски поправи пет од своите лични рекорди во шест настапи.

Резултати на Камнаровски на меморијалниот турнир во Белгија :

50 метри грбно –  34.33
100 метри грбно – 1.15.11
200 метри грбно – 2.47.86
50 метри гради – 39.70
100 метри гради – 1.27.86
200 метри гради – 2.58.59

Мх.П.