Охриѓанецот Димитар Камнаровски со две златни медаљи се закити на дебитантскиот настап на 35 – от интернационален пливачки турнир во Неус, Германија, на кој учество зедоа пливачки клубови од Германија, Холандија и Луксембург.

 

Камнаровски во конкуренција од натпреварувачи до 1997 година победи во трката на 50 метри со време 34,59, додека во дисциплината 200 метри грбно победи со време 3.11.46.


Попладнево пливачот ќе настапи во Брунсум, Холандија на второто “спидо“ финале.

М.П.