Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната промоција на кампањата во просториите на СЕП.
Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.
Во секој град ќе се одржува и трибина каде што ќе биде отворена за присуство на сите граѓани, рече вицепремиерот.

Целта на овие настани е да ги претставиме придобивките, неопходните реформи и начините како членството во Европската Унија ќе го заштити и зајакне македонскиот идентитет, рече вицепремиерот Маричиќ.
OhridNews













