СВР Охрид, заедно со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Министерството за животна средина, одржаа работен состанок со угостителите и другите хотелско-туристички работници, на кој се разговараше за безбедноста во градот за време на летната туристичка сезона.

СВР Охрид, на целото подрачје, ја отпочна кампањата „Безбедно лето“ чија цел ќе биде, примена на мерки за јакнење на комуникација и соработка помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана на присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност како и доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи. – информира СВР Охрид.

Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од навремено информирање кога има настан поврзан со нарушување на јавниот ред и мир со цел нивно навремено спречување. Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, СВР Охрид ќе реализира и други превентивни активности заради поголема заштита на граѓаните од кражби по домови, плажи и на други јавни места, се додава во соопштението.

OhridNews