Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ја прогласи неделата од 16-ти до 22-ри овој месец како Недела за безбедност на мотоциклистите, јавува „Миа“.
Индикаторите за безбедност на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, сметаат од РСБСП.
Целта на кампњата е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, подигнување на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.
OhridNews
извор: „Миа“