
Една недела од стартот на кампањата за плаќање на долговите за електрична енергија потпишани се над 1600 спогодби. 1300 од нив, се однесуваат на нетужените побарувања, додека само 300 се однесуваат за тужените побарувања.
Актуелните сметки односно нетужените долгови најповолно може да се платат во јуни. Овој месец домаќинствата на 6, а малите бизнис корисници на 4 рати ќе можат да го платат заостанатиот нетужен долг.
Корисниците треба да побрзаат бидејќи во јули поволностите се помали, кога домаќинствата ќе можат да го платат долгот на 4, а бизнисите на 2 рати. Во август само домаќинствата ќе можат да го платат актуелниот долг на 2 рати.
И за овие долгови ако се платат во целост корисникот ќе биде ослободен од сите камати за задоцнето плаќање.
Нетужените побарувања кои се предмет на кампањата се однесуваат на периодот од 01.01.2006 година па наваму.
Кампањата завршува на 31 август и оние кои нема да ја искористат остануваат во категоријата должници, но и корисници кои сигурно ќе бидат посетени од извршителите, велат од ЕВН.












