Во рамки на кампањата „Ако јас се прашувам“, во организација на мисијата на ОБСЕ, денеска во хотел Милениум Палас се одржа дебата со претставници на граѓански организации, локални самоуправи, советници, образовни и културни институции, Агенција за вработување, Јавни претпријатија и бизнис секторот од Охрид.
Целта на кампањата е поголемо учество на граѓаните и подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница.
-Преку кампањата за Промовирање на граѓанското учество како принцип на демократско управување,Мисијата на ОБСЕ во Скопје има за цел да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава. – истакна претставникот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Кристина Јованов на промоцијата на кампањата чиј модератор беше Вахид Мемед од Здружението Инклузија од Охрид.
Кампањата е насочена да ги мотивира и поттикне граѓаните да учествуваат во политичкиот живот преку достапниот демократски механизам и однесување, зголемување на нивната свест за важноста и влијанието на нивниот ангажман.
OhridNews












