За само една недела склучени се 1.000 спогодби во рамките на кампањата за плаќање на рати на долговите кои ги имаат корисниците кон ЕВН Македонија. Од почетокот на кампањата во месец јуни заклучно со првите 10 дена од август во oтворените канцеларии на дистрибутивната компанија се потпишани околу 16.000 спогодби. Над 4.000 граѓани ќе ги избегнат извршителите бидејќи плаќајќи го тужениот долг во целост, не им се пресметуваат каматите за задоцнето плаќање, не им се пресметуваат ниту судските, нотарските и трошоците за извршителите. Со потпишувањето на спогодбата и плаќањето на долгот се запира и судската постапка со што многу корисници расчистуваат со долгот кој многу години наназад бил голем товар за нивниот буџет, информираат од компанијата.
Поволностите да ги платат редовните побарувања на повеќе рати ја искористиле над 5.500 корисници, а над 5.400 во целост го платиле долгот при што се ослободени од дополнителните камати за задоцнето плаќање на потрошената електрична енергија.
Последните 15 дена од август се единствената можност да се избрише долгот и да се потпише спогодба за плаќање на рати или оние кој досега не расчистиле со тужените побарувања да ги направат тоа до 31 август. Домаќинставата имаат можност актуелниот долг за потрошена електрична енергија да го платат на две рати, а бизнис корисниците во целост при што нема да им се пресметууваат дополнителните камати за задоцнето плаќање на сметките.
Најмногу спогодби се потпишани во скопските кориснички енерго центри на ЕВН Македонија, потоа во Тетово, Гостивар и Куманово. Кампањата на ЕВН Македонија „Избриши го долгот” трае до крајот на месец август.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com