Германскиот првак Баерн Минхен како никогаш до сега сезонава одигра слаб и неквалитетен натпревар во Порто против истоимената екипа и претрпе пораз 3-1 во четвртфиналето во Лигата на Шампиони.
„Баварците“ настапија без 5-6 стандардни првотимци, но за поразот се виновни самите фудбалери кои два од трите погодоци ги примија по своја вина.
– Играчите на Баерн Минхен не се машини, а тоа се потврди на дуелот со Порто каде направија две незамисливи грешки. Негативата иако изгледа мала, сепак треба да постигнеш два погодоци за да одиш понатаму. Баерн го очекува многу тешка задача на реваншот, но токму тука треба да биде најголемиот предизвик за фудбалерите. – рече Оливер Кан.
и
Поранешниот германски репрезентативец и член на Баерн Минхен застана во одбрана на фудбалерите по очајните перформанси на дуелот со Порто.
Мх.П.