Канада ја призна Република Македонија под уставното име, соопшти денеска  организацијата на Обединетата Македонска дијаспора (ОМД).

Се очекува Одлуката официјално  да биде соопштена од канадските власти.

Признавањето на Македонија под уставното име од страна на Канада е мошне значајно затоа што доаѓа од земја која е влијателен член на меѓународната заедница и членка на Г-8 и НАТО.

Се проценува дека во Канада живеат околу 200.000 македонци.

Досега над 100 држави ја признаа Македонија под устравното име.

ohridnews