Земјите на Канада, Мексико и Соединетите американски држави (САД) ќе бидат домаќини на Мундијалот кој ќе се одржи во 2026 година.

Трите земји кои заедно конкурираа добија 67% од гласови на денешното собрание на ФИФА во Русија, додека Мароко кој самостојно аплицираше доби 33% од гласовите.

Дел од експедицијата која ги оценуваше стадионот во земјите кои аплицираа беше првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

Светското првенство 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години во Канада, Мексико и САД.

OhridNews